Почина поранешниот египетски претседател Мохамед Морси

Од:

Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси почина од срцев удар на 69-годишна возраст, јави државната телевизија на Египет.

Телевизијата информира дека Морси починал во еден египетски суд. Поранешниот египетски претседател беше во затвор од 2013 година, обвинет за разни злосторства.

Морси беше петтиот претседател на Египет и беше на власт од 30 јуни 2012 до 3 јули 2013 година кога беше симнат од власт со државен удар.

Генералот Абдел Фатах aл-Сиси, кој го предводеше пучот, го симна Морси од власт и го суспендираше египетскиот Устав од 2012 година.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски