Почина поранешниот белгиски премиер Вилфрид Мертенс

Од:

Претседателот на Европската народна партија (ЕНП) и поранешен белгиски премиер, Вилфрид Мартенс почина минатата ноќ на 77 годишна возраст.

Во вторникот ЕНП соопшти дека Мартенс привремено ја напушта лидерската фуниција, поради здравствени причини.

Мартенс, кој имаше тешко онколошко заболување, починал во неговиот дом во Локерен, северозападно од Брисел.

Мартенс е политичарот со најдолг премиерски стаж во белгиската историја. Во периодите од април 1979 до март 1981 и од декември 1981 до март 1992 година, тој предводеше девет белгиски влади на различни коалиции.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски