Почина пионерот на трансплатацијата Д-р Џозеф Мареј

Од:

Џозеф Мареј, хирург кој ја изведе првата успешна трансплантација на бубрег и добитник на Нобелова награда за својата работа во медицината, почина вчера во Бостон на 93-годишна возраст.

Мареј почина откако минатата недела доживеа мозочен удар, изјави портпаролот на болницата во Бостон.

Доктор Џозеф Мареј и неговиот тим во 1954 година успешно извршија трансплатација на бубрег со што отворија ново поглавје во модерната медицина, соопшти болницата Биргам.

– Светот е подобро место благодарение на доктор Мареј. Неговото наследство засекогаш ќе остане во нашите срца и со секој пациент што го добил дарот на животот благодарение на трансплатацијата, изјави директорот на болницата Елизабет Набел.

Подоцна во текот на својата кариера Мареј работел на изнаоѓање начини за контролирање на имунилошкиот систем на пациентите со цел да се спречи да го отфрли туѓото тело, за што во 1990 година доби Нобелова награда за медицина.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он