Почина генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано денеска почина на 72-годишна возраст, соопшти прес службата на организацијата.

„Секретаријатот на МААЕ со жалење ја информира јавноста за смртта на генералниот директор Јукио Амано“, се наведува во соопштението.

Јукио Амано е роден в Југавара, во јапонската префектура Канагава, на 9 мај 1947 година. Завршил правен факултет на Токискиот универзитет, по што во 1972 година се вработил во Министерството за надворешни работи.

Негова специјализација биле разоружувањето и неширењето на нуклеарното оружје. Во 1973-1974 година го посетувал и Универзитетот во Франш-Конте, а во 1974-1975 година и Универзитетот во Ница.

Во јапонското МНР работел на различни високи позиции. Од 2005 година беше јапонски амбасадор во МААЕ, а на 1 декември 2009 година беше избран за генерален директор на МААЕ, организацијата која ја предводеше се до смртта.

Би можело да ве интересира

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка

Ана Ололовска