Џејсон Келк, Британецот кој најдолго страдаше од Ковид-19 и изминатите 14 ги мина во болница, почина откако реши да го прекине лекувањето.
49-годишниот Келк се зарази на почетокот на пандемијата и беше примен во болницата Сент Џејмс во Лидс на 31 март минатата година. Остана таму сè до утрово кога беше пренесен во дома, каде ги помина последните часови со семејство.
Неговата сопруга Сју Келк рече дека битката на Џејсон станала премногу тешка и дека тој донел одлука да престане со какво било лекување.
Џејсон, кој имаше дијабетес тип 2 и астма се бореше за живот откако вирусот му ги уништи белите дробови и бубрезите. Џејсон разви толку сериозни проблеми со стомакот што мораше да се храни интравенски.