Почеток на психоза од вирусот на еболата во париско предградие

Од:

Три семејства одбија да ги пуштат своите деца на училиште во Булоњ-Бијанкур (Горна-Сена)- регионот на Париз, поради присуството во истото училиште на ученици од семејство кои се вратиле од Гвинеја, една од земјите која е погодена од епидемијата на ебола, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според пишувањето на интернет изданието на весникот „Паризиен“, тројца од учениците се вратиле од Гвинеја во петокот. Родителите се револтирани дека на децата им било овозможено да се приклучат на наставата пред истекот на периодот за инкубација на вирусот кој е од 2 до 21 ден.

Школскиот лекар Џени Вег, одговара дека била спроведена одредбата на Министерството за здравство од 3 октомври. Односно децата кои се враќаат од ризичните зони, без температура, не се сметаат дека можат да носат зараза. Министерството советува да им се мери температурата секојдневно.

Школската медицинска сестра е задолжена за мерење на температурата со фронтален термометар, кој не е во контакт со децата, објаснува школскиот лекар.

Вчера француските медиуми ги објавија пресметките на научниците според кои постојат 75 отсто ризици Франција да биде погодена од вирусот на Еболата за дваесетина денови.

Студијата беше објавена само еден ден, откако беше соопштено дека е излекувана медицинската сестра заболена од вирусот ебола за време на нејзината мисија во Либерија.

Според студијата ризиците за Велика Британија се 50 отсто, но животните и санитарните услови и пред се здравствените услови во овие земји не би требало да доведат до епидемија како во земјите од Западна Африка.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот