Победа на СНП во Шкотска но без мнозинство во Парламентот

Од:

Шкотската национална партија (СНП) победи на регионалнит избори во Шкотска, што се одржаа вчера, но шкотските сепаратисти не успеаја да обезбедат мнозинство, за да може сами да ја формира новата влада во Единбург.

Според изборната комисија, во новиот шкотски Парламент, СНП има 63 пратеници, Конзервативната партија 31, Лабуристичката 24, Зелените шест и Либералдемократската партија пет пратенички места.

Ова е трета едно по друго победа на СНП, некогаш маргинална, националистичка партија, што е прв нејзин ваков успех.

Лидерот на партијата Никола Старџен изјави дека победата претставува „историски успех“ за СНП.

После претходните две изборни победи, кога лидер беше Алекс Салмонд, СНП сама формираше влада.

Првиот пат тоа беше малцинска влада, затоа што другите партии не сакаа со СНП да прават коалиција, поради нејзиниот сепаратизам. За вториот мандат СНП имаше обезбедено апсолутна победа, што и овозможи да побара и да добие согласност од шкотскиот Парламент за организирање референдум за независност.

Сега, меѓутоа, СНП и нејзиниот лидер Старџен го загубија тоа мнозинство, па ќе мора да бараат партнер за создавање владина коалција.

Тоа веројатно ќе биде партијата на шкотските Зелени кои имаат пет пратенички места, што ќе биде доволно за сигурно управување во овој мандат. Станува збор за партија која единствена од оние кои се во Парламентот, го подржува отцепувањето на земјата од Велика Британија.
Прашањето за втор референдм за независност, овој пат, не беше покренато од СНП но Старџен на неколкупати ја предупреди британската влада дека тоа ке стане одново актуелно, доколку мнозинството гласачи во Бритаиија, на референдумот од 23 јуни, се определат за напуштање на ЕУ.

Огромно мнозинство Шкотланѓани, се противат на излегувањето од ЕУ, истакнувајќи го членството во Унијата за Шкотски национален интерес.

Годинешниве шкотски избори, го потврдија „пропаѓањето“ на лабуристите, во Шкотска, овој пат предводени од левичарот Џереми Корбин. Оваа партија која цели 50 години управуваше со овој дел на Британија, сега е дури трета партија во Холируд (Парламентот во Единбург), зад ториевците, кои традиционално не се омилени меѓу шкотските, главно лево определени гласачи.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски