Победа на Русија значи катастрофа за Европа, рече полскиот премиер

Од:

Победа на Русија над Украина би била катастрофална не само за таа земја, туку и за цела Европа, изјави денеска во Киев полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полскиот премиер, кој беше во Киев со летонскиот претседател Егилс Левитс на разговори со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, рече дека Украина мора да ја добие војната со Русија, бидејќи руската победа ќе значи пропаст на европските вредности.

– Тоа (победата на Русија) би значело катастрофа за Европа и би бил голем пораз не само за Украина, туку и за целиот континент. Не само што би било невозможно да се задржат европските вредности – оние европски вредности за кои Украина се бори денес, како слободата, независноста, братството и правото на живот – туку и сите тие вредности би биле изгубени, изјави Моравјецки по разговорите.

Зборувајќи за одговорот на ЕУ на руската инвазија на Украина, Моравјецки рече дека санкциите наметнати на Русија од Брисел имаат ефект и ќе бидат сè поболни за руската економија во иднина, и покрај тврдењето на Москва за спротивното.

– Русија се обидува да покаже воздржаност, но од месец во месец… овие санкции ќе бидат сè поболни за нејзината економија, рече тој.

Зеленски им се заблагодари на Моравјецки и Левитс за поддршката од нивните земји за Украина во конфликтот со Русија, а особено за нивните напори да обезбедат финансиска помош од ЕУ за Украина.

Зеленски рече дека Полска и Летонија се сметаат за „сигурни партнери“ во Киев и истакна дека двете земји цврсто стојат зад Украина од избивањето на конфликтот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород