ОН упати повик за прибирање парични средства за хуманитарна помош за 2018 година, и побара рекордни 22,5 милијарди долари за потребите на 91 милион луѓе, главно погодени од војните во Африка и на Блискиот Исток.
– Во 2018 година, повеќе луѓе од кога и да е ќе имаат потреба од нашата помош, изјави генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лoукок.
Потреба од хуманитарна помош ќе имаат 136 милиони луѓе во 26 земји, или пет отсто повеќе од тековната година. Сепак, ОН не можат да стигнат до сите – главно заради безбедносни причини, како и поради немање соработка со властите или други држави, вмешани во некој конфликт.