По вторпат за еден месец се гласа за отповикување на перуанскиот претседател

Од:

Опозицијата во перуанскиот Парламент по вторпат во изминатите два месеца, успеа да иницира гласање за отповикување на претседателот Мартин Вискара.

Во септември, претседателот избегна отповикување иницирано поради обвинувања од неговите политички противници за попречување на истрага за договор со нејасна личност од јавната сцена, кој беше ангажиран да одржува мотивациски говори на вработените во јавниот сектор за надомест од 50 илјади американски долари.

Овојпат, Вискара е обвинет за примање мито во износ од 670 илјади долари од градежна компанија додека бил гувернер на провинцијата Мокаега, на југ на Перу.

Претседателот ги негираше обвинувањата и ги предупреди своите политички противници дека ја дестабилизираат државата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните