По снегот, студ и голомразици на патиштата во Европа

Од:

Снегот денеска отстапи место на голомразицата и студот во северозападниот дел на Европа, додека на голем број места движењето по автопатите е отежнато поради мразот.

Брзите возови меѓу Париз и Велика Британија, Белгија, Холандија и Германија, се движат повторно по вчерашниот прекин. Но, стотици автомобили се блокирани на француските патишта, а во некои департмани училиштата се затворени.

Според податоците на властите над две илјади автомобили се блокирани по патиштата во северозападна Франција, кои се затрупани со снег. Снежната бура погоди 20 департмани во тој дел на земјата. Над 80 илјади семејства во тие области се без електрична енергија.

Според прогнозите на Метео Франс во текот на ноќта температурите ќе се намалат за 14 степени Целзиусови под сезонската норма, што патиштата ќе ги претвори во лизгалишта.

Околу 12.400 полицајци и пожарникари, како и војници и 1.000 службеници на електростопанството на Франција се мобилизирани за справување со кризата, настаната по неоечкуваното враќање на зимата. Околу 69.000 жители на северните делови на Франција се без електрична енергија.

Во реонот на Париз снежната покривка е меѓу 10 и 20 сантиметри, но трамваите и метрото работат нормално. Автобусите, сепак се запрени, поради голомразицата.

Во Германија студот предизвика појава на голомразица на патиштата. На аеродромот во Франкфурт околу стотина летови се откажани.

Студот во Велика Британија пред тунелот под Ла Манш вчера создаде големи колони камиони, што полека се расчистуваат. Стотици товарни возила беа блокирани во колони долги неколкум километри во југоисточното грофовија Кент во Велика Британија. Причина за колоните е нарушеното движење  на фериботите преку преминот Ла Манш кон Франција и Белгија.

Дневните температури во Москва денеска  изнесуваат меѓу минус четири и минус шест степени Целзиусови, а во Подмосковието се искачија до минус девет. Прогнозиран е силен ветер со брзина од 40 километри на час.

Најобемни снежни врнежи во Москва се очекуваат в петок и сабота, а снежната покривка ќе достигна висина до 25 сантиметри, што во март се случува еднаш во 50 години.

Ситуацијата со сообраќајот на патиштата во Белгија се нормализира, вклучително и во главниот град Брисел.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско