По првата ТВ-дебата, Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации за еден час

Од:

Кампањата на кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари за само еден час, јавија американски медиуми. Тоа се случи по првата тв-дебата меѓу Бајден и Доналд Трамп, што се одржа во Кливленд.

Висок советник на Бајден, како резултат на хаотичната и непријателска дебата за која некои веќе тврдеа дека е најлошата во американската историја, вели дека тој ќе учествува на преостанатите дебати со Трамп.

– Да, Џо Бајден ќе се појави, рече Кејт Бедингфилд, заменик-менаџер на кампањата, по дебатата.

– Тој ќе продолжи да зборува директно со американскиот народ.

Таа истакна дека следната дебата, закажана за 15 октомври во Мајами, ќе се води во формат на градско собрание, во која ќе доаѓаат прашања од неопределените гласачи, што тие ги сметаат за „сила“ на Бајден.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска