По проценката на ЕМА, Белгија ја ограничува употребата на „Астра Зенека“ на лица под 55-годишна возраст

Од:

Белгија од денеска ќе ја ограничува вакцинацијата за лицата под 55-годишна возраст на сите марки освен „Астра Зенека“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА), вчера потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нус појава од оваа вакцина.

ЕМА меѓутоа не можеше вчера да потврди дали некои групи на населението се позасегнати од други, ниту врз основа на возраста, ниту врз основа на полот, бидејќи случаи на тромбози се детектирани кај сите категории.

Сепак, белгиските здравствени власти одлучија дека е побезбедно да се ограничи вакцинацијата за лицата помлади од 55 години на сите други одобрени вакцини, освен „Астра Зенека“.

Портпаролот на кризниот штав за Ковид-19 рече дека 85 до 90 отсто од несаканите ефекти се детектирани кај лица под 55-годишна возраст.

-Од моментот кога го надминуваме прагот од 55-годишна возраст ризикот е екстремно низок, во Белгија пресметавме дека еден до 1,5, што е ништо во споредба со илјадниците мртви од Ковид-19 во таа возрасна категорија. Во тој момент предноста на вакцинацијата силно го надминува потенцијалниот ризик, изјави Ив Ван Латем, објаснувајќи ја одлуката да се ограничи Астра Зенека во Белгија.

Белгија е во исчекување на достава на дози од Џонсон и Џонсон што би требало да помогне во забрзувањето на темпото на вакцинација во земјата.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ