Судот во Милано го осуди екс премиерот Силвио Берлускони на четири години затвор, но само после неколку часа судијата соопшти дека казната се намалува на 1 година врз основа на законот за амнестија кој е усвоен во 2006. година.
Законот за амнестија е усвоен по предлог на премиерот Романо Проди со образложение дека е потребен поради тоа што нема место во италијанските затвори.
Истовремено со намалувањето на казната затвор, на Берлускони му е зголемена должината на забраната да извршува јавна функција од три на пет години, а три години нема да смее да управува со ниедна компанија.
За да стане правосилна, пресудата против Берлускони треба да ја потврди второстепениот суд како и последната истанца, Врховниот суд.
Според италијанските медиуми, додека заврши целата постапка, случајот може и да застари што ќе значи дека Берлускони нема да оди во затвор.
Адвокатите на Берлускони коментираат дека пресудата е неверојатна, со оглед дека екс премиерот минатата година бил ослободен од слично обвинение, и најавија тужба.
Берлускони е осуден поради проневера, една година откако даде оставка на функцијата премиер на Италија.