По Лондон, две лица избодени и во Белгија, напаѓачот уапсен

Од:

Непознато лице е застрелано од полицијата во белгискиот град Гeнт, откако претходно избодело двајца случајни минувачи. Странските медиуми јавуваат дека напаѓачот била жена.

Таа била погодена во раката и потоа уапсена. Еден од минувачите е повреден во стомакот, а другиот во рака, но не е познато во каква состојба се наоѓаат, ниту пак се знае мотивот за нападот.

„Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна“, изјави јавен обвинител.

Инцидентот се случува само неколку часа по терористичкиот напад во Лондон, каде напаѓач беше убиен од полицијата откако претходно избоде со нож две лица во лондонската област Стритхем.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on