По договорот меѓу Бајден и Путин, рускиот амбасадор се враќа во САД

Од:

Рускиот амбасадор во Вашингтон, кој беше вратен во неговата земја на консултации во март, денеска отпатува во САД, во согласност со неодамнешниот договор меѓу рускиот и американскиот претседател  Владимир Путин и Џо Бајден, постигнат на Самитот во Женева.

Авионот со амбасадорот Анатолиј Антонов полетал од Москва во 9.20 часот по локално време, пренесоа руските медиуми.

– Со оглед на резултатите од состанокот на двајцата претседатели, сметам на конструктивна работа со моите американски колеги за градење односи на еднаква и прагматична основа, рече Антонов пред патувањето, додавајќи дека е оптимист.

Од своја страна, американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан изјави дека наскоро ќе се врати во Москва.

Американските власти ја обвинија Русија за хакирање и мешање во изборите во САД. Руските власти потоа го повлекоа својот амбасадор во САД на консултации во март, откако Бајден го спореди Путин со „убиец“.

Американскиот амбасадор Џон Саливан ја напушти Москва во април, откако двете земји најавија бран санкции и протерување на дипломатите.

Во мај, Русија официјално ги прогласи САД за „непријателска“ држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија