По британското „не“ за Сирија, Обама се консултира со Конгресот, мислењата поделени

Од:

По веста дека британскиот Парламент гласаше против учество во најавената воена операција против Сирија, Белата куќа организираше попладневна консултација со водечките членови на Конгресот, со цел да ја обезбеди домашната политичка поддршка.

По разговорите, од Белата куќа излегоа информации дека претседателот Барак Обама е подготвен и самиот, без поддршка на Британија, Франција или други сојузници, да изврши воздушен напад врз Сирија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– САД ќе продолжат да се консултираат со британската влада, еден од нашите најблиски сојузници и пријатели. Како што рековме, претседателот Обама во носењето на своите одлуки ќе се води од најдобрите интереси на САД, соопшти кабинетот на Обама по гласањето во британскиот Парламент.

Белата куќа организираше телефонска конференција со првите луѓе на Сенатот и Претставничкиот дом, конгресното раководство на двете партии, како и со првите луѓе на комисиите задолжени за безбедноста и надворешната политика. Обама засега не најави дека ќе го прифати барањето на спикерот на Претставничкиот дом Џон Бојнер да се обрати пред Конгресот.

Но, на телефонскиот разговор со вкупно 26 конгресмени кој го воделе државниот секретар Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хејгл и советничката за национална безбедност Сузан Рајс, биле претставени нови, дополнителни докази кои укажуваат на одговорноста на сирискиот диктатор Башар ал Асад за хемискиот напад врз предградијата на Дамаск во кој беа убиени неколку стотици цивили.

– Јасно е дека американските граѓани не сакаат војна. Но, Асад употреби отровен гас против своите луѓе и тоа е прашање на националната безбедност, регионалната и светската стабилност, изјави Ненси Пелоси, претседавачка со пратеничката група на Демократската партија во Претставничкиот дом.

Сепак, мислењата се поделени дури и кај демократите. Карл Левин, сенаторот кој претседава со Комисијата за вооружените сили, во забелешки за новинарите по конференцијата со Белата куќа сугерирал да се чека крајот на истрагата на Обединетите нации, но и да се обезбеди меѓународна поддршка за напад врз Сирија, нешто што САД во моментот го немаат.

Сенаторите Боб Менендез, демократ кој претседава со Комисијата за надворешни прашања, и републиканецот Џим Инфох од истата Комисија, пак, изјавија дека се убедени во аргументите на Белата куќа за потребата воено да се реагира по хемискиот напад на сириската армија.

Околу 150 конгресмени од двете партии досега се потпишаа на повеќе иницијативи со кои се бара од Обама да се обврзе дека пред каков било напад врз Сирија ќе побара согласност од Конгресот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас