Племенските водачи во Намибија ја одбија понудата на Германија од 1,1 милијарди евра надомест за колонијалните злосторства

Од:

Лидерите на етничките групи Хереро и Нама го отфрлија договорот предложен од Германија, која призна дека злосторствата на германските колонијалисти пред повеќе од сто години во денешна Намибија биле геноцид. Советот на племенски лидери бара да се одложи планираното потпишување на договорот меѓу двете земји.

Владата во Берлин и понуди на Намибија 1,1 милијарда евра во рок од 30 години, а Советот признат од намибиската Влада во изјавата го нарече „неприфатлив“ и „навреда за нивното постоење“. „Навредливата сума“ е одбиена, но Советот го поздрави фактот дека германските власти го признале геноцидот, ја презеле одговорноста за злосторствата и објави дека ќе побара простување.

Племенските водачи бараат повторно преговарање за репарациите. Друга организација што ги обединува членовите на групата Хереро веќе го нарече германскиот предлог „измама и пропаганда“.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите