Славниот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (79), е згрижен во болница во Акапулко, Мексико, поради компликации од заразата со КОВИД-19, изјави денеска неговиот гласноговорник.
– Тој е добро и реагира на терапијата, додаде тој за Си-Ен-Ен.
Доминго минатата недела објави дека е заболен од новиот коронавирус, повикувајќи ги своите обожаватели на нимателност.
„Заедно можеме да се избориме против вирусот и да ставиме крај на оваа криза за да можеме што поскоро да се вратиме на нашите секојдневни активности“, напиша Доминго на Фејсбук.