Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура планира во септември да свика конференција на земјите кои го гарантираа прекинот на огнот во оваа бликсоисточна земја – Русија, Иран и Турција, за да се создаде комисија која би го подготвила новиот сириски устав.
Де Мистура денеска во рускиот град Сочи се сретна со претставници на овие три земји и ја најавил конференцијата.
Според предлогот на Де Мистура, сириските власти и претставници на бунтовниците ќе номинираат по 50 луѓе, за на крај од нив да се состави 50-члена комисија која би го подготвила новиот устав на Сирија.
Пратеникот на ОН изјави дека ова ќе биде клучен чекор за ставање на крај на крвавата граѓанска војна во Сирија.