Пјонгјанг тврди дека до средината на август ќе подготви план за ракетни напади врз Гуам

Од:

Северна Кореја до средината на август ќе изработи план за лансирање четири ракети од среден дострел кон води околу американскиот остров Гуам во западен Пацифик.

Конечната одука за тоа ќе ја донесе лидерот на државата Ким Џонг-ун, јавија државните медиуми.

Ракетите што планира Северна Кореја да ги употреби би требало да прелетаат преку јапонските префектури Шимане. Хирошима и Кочи и да летаат 1.065 секунди со брзина од 3.356,7 километри на час за да погодат 30 до 40 километри од Гуам.

Севернокорејските медиуми оценуваат дека неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на сила против Пјонгјанг се „куп бесмислици“ со предупредување дека тој го разбира само јазикот на „апсолутна сила“.

Командантот на севернокорејските стратешки сили генерал Ким Рак-ком изјавил дека Трамп е човек „лишен од разум“ со кого „нормален дијалог не е можен“.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он