Пјонгјанг се закани да одговори на секоја американска „воена агресија“

Од:

Северна Кореја се закани денеска дека ќе одговори на секоја американска „воена агресија“ со нуклеарни напади и кибер напади, пренесе БТА.

Изјавата на севернокорејскиот Национален комитет за одбрана – висок воен орган во земјата, уследи по соопштенија дека претставници на двете држави ја проучуваат можноста да бидат обновени шестраните преговори за нуклеарната програма на Пјонгјанг.

– Откако американските империјалисти, слично на гангстери, изјавуваат дека сакаат да ја стават Северна Кореја на колена, армијата и народот на Корејската народнодемократска република можат само да ја информираат официјално администрацијата на Обама дека Северна Кореја нема ниту потреба, ниту желба да седи со САД на преговарачка маса, истакнува Комитетот.

– Ако САД преземат „воена агресија“ врз Пјонгјанг, Северна Кореја ќе одговори „со свои сопствени нуклеарни напади“, наведува Комитетот.

– И ако САД се обидат да ја уништат Северна Кореја со кибер напади, таа ќе реагира со свое сопствено информатичко оружје, што ќе го забрза конечниот крах на САД, се наведува во изјавата.

Во понеделникот весникот „Вашингтон пост“ објави дека пратеници на двете држави разгледуваат тајно евентуални „разговори за преговори“ во шестран формат, но не дошле до договор за практичните детали.

Преговорите вo шестстран формат за нуклеарната програма на Северна Кореја не се обновени од крајот на 2008 година.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он