Пјонгјанг им се закани на САД со „незамисливи последици“

Од:

Северна Кореја денеска ги предупреди САД дека ќе се соочат со „незамисливи последици“, поради нивната „непријателска политика“ кон Пјонгјанг.

Ваквата закана на севернокорејските власти уследи по најавата за нови американски финансински санкции кон Пјонгјанг.

– Новите санкции само ќе го зајакнат независниот дух и силните напори на работниците во индустријата за оружје, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.

– Ако САД продолжат на овој начин со својата анахрона политика против Северна Кореја, ќе се соочат со незамисливи последици, се наведува во соопштението, без да се појасни на какви „незамисливи последици“ се мисли.

Министерството натаму се залага за склучување мировен договор со САД, со што „ќе се стави крај на нивната непријателска политика која е причина за сите проблеми“.

– Траен мир и стабилност нема да бидат можни на Корејскиот Полуостров се додека не престане непријателската политика на САД кон Демократската Народна Република Кореја и се додека не се ублажи нивниот непријателски однос, се додава во соопштението.

САД на 8 декември воведоа нови финансиски санкции против шест поединци и неколку компании „поврзани со ширење на оружје“.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он