Пјонгјанг бара укинување на санкциите како услов за дијалог

Од:

Северна Кореја денеска побара укинување на санкциите наметнати од Јужна Кореја по нападите на еден од нејзините бродови во 2010 година, како услов за продолжување на дијалогот меѓу Пјонгјанг и Сеул.

Тоа е прв официјален одговор на понудата на Јужна Кореја за преговори, вклучително разговори за повторна средба на разделените семејства за време на граѓанската војна од 1950 до 1953 година.

По неучекуваната посета на висока делегација на севернокорјески службеници во октомври минатата година на завршната церемонија на Азиските игри, Јужна Кореја соопшти дека е подготвена да разговара за санкциите како начин за прдвожување на состојбата.

Санкциите воведени во мај 2010 година откако торпедо нападна брод на јужнокорејската морнарица, при што загинаа 46 морнари, прекинаа голем број политички и комерцијални односи меѓи двете Кореи. Северна Кореја ги негира обвинувањата за вмешаност во нападот.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он