Пилц: НСА ги прислушувала Хрватска, Словенија, Србија и БиХ

Од:

Пратеникот од партијата на Зелените во австрискиот Парламент Петер Пилц тврди дека во рамки на тајната операција „Еиконал“, на Националната безбедносна агенција на САД (НСА), се проверувани разговори од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, јави Танјуг.

Пилц наведува дека НСА со помош на германската разузнавачка служба БНД и телеоператорот „Дојче телеком“ од 2005 до 2008 тестирале акција за прислушување телефонски разговори во рамки на тајната операција „Еиконал“ и оти се проверувани и разговори водени од Словенија, Хрватска, Србија и БиХ.

Целта на операцијата било анализирање и филтрирање содржини на телефонски разговори на цивилното население поради опасност од тероризам, појасни Пилц во емисија на словенечката тв станица Поп-тв, и покажа т.н. „жолта листа“ до која дошол по свои канали, а е наводен доказ оти биле прислушувани и обични граѓани.

На „жолтата листа“ е список кој во 2005 го состави НСА, биле ставени 256 телефонски линии за прислушување.

Пилц тврди дека на Американците за прислушување неинтересни во Европа им биле единствено Естонија, Литванија и Малта, и наведува дека сите разговори следени во Европа се анализирани и филтрирани заради барање на разузнавачки податоци, барање карактеристични зборови како „тероризам“, „бомба“…

Би можело да ве интересира

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Ана Ололовска

Трамп го номинираше генерал Пол Накасоне за директор на НСА

Ана Ололовска

„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Наум Локоски

Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Ана Ололовска