Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Од:

Директорите на Федералното истражно биро (ФБИ) и на Агенцијата за национална безбедност (НСА) ќе сведочат денеска пред Конгресот на САД за потенцијалните врски на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и неговите тврдења дека бил прислушуван од поранешниот шеф на државата Барак Обама.

Џејмс Коми и Мајк Роџерс првпат ќе зборуваат јавно за тие две прашања, кои ја заинтересираа американската јавност претходните недели.

Комни ќе сведочи пред Комитетот за разузнавачки прашања при Претставничкиот дом на САД за вмешаноста на Русија во предизборната претседателска кампања во САД минатата година. Закажано е сведочење и на Роџерс.

Претседавачаот со американскиот конгресен Комитет за разузнавачки прашања, Девин Нунс вчера изјави дека „нема докази“ оти предизборниот тим на Трамп бил во дослух со Русија пред одржувањето на претседателските избори во САД минатата година.

– Врз основа на она што го видов досега, нема докази за тајни договори, истакна Нунс.

Евентуалните врски на Трамп и неговиот тим со рускиот претседател Владимир Путин се тема на бројни шпекулации откако е избран за претседател на САД на 8 ноември 2016 година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел