Пилај вознемирена од незаинтересираноста на лидерите на Јужен Судан од ризикот од глад

Од:

Високиот претставник на ОН за човекови права Нави Пилај изјави дека е вознемирена од очигледниот недостиг на загриженост од страна на лидерите на Јужен Судан, од ризикот за глад меѓу населението.

Пилај изјави дека земјата е на работ на катастрофа поради заемни обвиненија, реторика на омраза и убиства поради одмазда, кои се забележани од декември досега. Јужен Судан тогаш западна во спирала на масовно насилство по расколот меѓу претседателот Салва Киир и поранешниот потпретседател Риек Мачар.

Пилај додаде дека Јужен Судан може да биде соочен со глад подоцна годинава, затоа што насилствата се закануваат да ги спречат луѓето да ги вршат земјоделските работи.

– ОН нема да дозволат геноцид како тој извршен во 1994 година во Руанда, да се повтори во Јужен Судан, изјави специјалниот советник на ОН за спречување на геноцид Адама Диенг.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство