Петнаесет ерменски војници убиени во судир со азербејџанската војска

Од:

Ерменскиот Парламент денеска соопшти дека 15 ерменски војници загинале во судирите со азербејџанските сили на границата. Непосредно пред објавата на ерменскиот Парламент, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени 12 ерменски војници.

Претходно денеска, Ерменија побара од Русија да и помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан.

„Интензитетот на борбата не е намален. Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени“, објави ТАСС.

Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно-Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и која веќе беше сцена на крвава војна во 1990-тите.

Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во минатогодишниот конфликт, а тој заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска