Пет работи, кои треба да ги знаете за Интернет злоупотребувањето

Од:

Изминативе години мошне често се зборува за опасностите, кои ги крие Интернетот, а на кои најчесто се изложени децата. Што е тоа што всушност Интернет злоупотребувањето го прави толку страшно?

Според неодамнешното истражување на Истражувачкиот центар за злоупотребување преку Интернет околу 20 отсто од децата од 11 до 18 години изјавиле дека биле предмет на малтретирање преку Интернет.

Кај Интернет злоупотребувањето нема одмор

Пред појавата на Интернетот, мобилните телефони и останатите средства за комуникација, младите, кои биле предмет на малтретирање во училиштето, можеле да сметаат на часовите на одмор кои ги поминувале надвор од таа средина. Денес децата се во контакт 24 часа, седум денови во неделата и затоа овој вид на злоупотребување може да се окарактеризира како немилосрден.

Интернет злоупотребувачите не мораат да остварат контакт со очите

Ширењето на приказни за некого преку Интернет и да му кажеш некому во лице што мислиш се две сосема различни работи. На младите им е многу полесно да бидат сурови, кога не ја гледаат во очи личноста, која е предмет на нивната злоба. Тие се свесни дека можат да ја изразуваат агресијата целосно анонимно и оти ќе поминат неказнето, така што овие ситуации ретко имаат кочници.

Постапката не може да се повлече

Поради природата на технологијата во денешно време, се што ќе се направи на Интернет не може целосно да се повлече. И доколку веднаш по објавувањето се избрише или пак се објави извинување, материјалот веќе стигнал до некоја друга личност и почнал да се шири натаму.

Злоупотребувањата преку Интернет имаат поголеми последици

Кое било злоупотребување се врши еден на еден, тука се злоупотребувачот и предметот на неговата агресија. Дури и доколку има набљудувачи, тоа е еден одреден број лица, кои воглавно се трудат да не обрнуваат внимание за да не бидат забележани.

Меѓутоа, кога станува збор за злоупотребување преку Интернет, работите се поинакви. Благодарение на социјалните мрежи, денес само со еден клик можете да поделите зборови, фотографии или снимки, кои им се инстант достапни на милиони луѓе, што автоматски има поголеми последици.

Близината не е неопходна

Физичкото злоупотребување подразбира дека личностите се во непосредна близина. Кај злоупотребувањето преку Интернет времето и просторот се апсолутно ирелевантни. Дури и кога детето е безбедно во домот, со своите родители, неговите врсници можат да го подложат на исмејување преку социјалните мрежи.

 

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски