Пет можни сценарија за исходот од изборите во Франција

Од:

Вториот круг од параламентарните избори во Франција е во тек. До крајот на гласањето има уште само некоку часа. Со оглед дека аналитичарите велат дека е многу тешко да се предвиди исходот пренесуваме пет можни сценарија за тоа што ќе се случува.

Прво, Националниот собир (РН) да има целосно мнозинство – или доволно блиску за да може да смета на помошта на неколку независни пратеници во Собранието.

Во тој случај, претседателот Макрон го повикува Џордан Бардела да биде премиер. Тој прифаќа; РН формира влада; и Франција влегува во тензичен период на „кохабитација“ меѓу претседателот и владата.

Заканата од насилни демонстрации на улица е на максимално ниво.

Второ, РН освојува најмногу места, но не доволно за да има мнозинство во Собранието.

Макрон бара од Бардела да формира влада, но тој одбива – знаејќи дека таа ќе биде соборена на првото гласање за доверба.

Потоа се прават обиди да се формира нова коалиција, почнувајќи од конзервативната партија Републиканци, преку центарот на Макрон, до централно-левичарските елементи на сојузот Новиот народен фронт (НПФ).

Овие разговори веројатно ќе се протегаат со недели (и можеби никогаш нема да успеат), па Макрон повикува на примирје за да се намалат тензиите и да се остави земјата да ужива во Олимпијадата и летната пауза. Сегашната влада останува на своето место, со или без премиерот Атал.

Ова е убедливо најверојатниот исход. Следните три се неверојатни.

Трето, левичарската НПФ извојува изненадувачка победа.

Четврто, без достапно мнозинство за која било групација во парламентот, Макрон назначува „технократска“ влада составена од високи државни службеници и други неполитичари.

Петто, соочен со голема победа на РН и неуспех на сите негови планови, Макрон поднесува оставка.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна