Пет лица се изолирани во Данска со симптоми слични на САРС

Од:

Пет луѓе со симптоми на новото вирусно респираторно заболување, слично на САРС, денеска се примени во болница во Данска, каде се ставени во изолација.

Нивни примероци веднаш се испратени на анализа и резултатите треба да бидат познати денеска попладне, пренесува АФП.

Пациентите имаат повишена температура, кашлица и други симптоми на грип. Се работи за едно четиричлено семејство чиј татко неодамна бил во Саудиска Арабија и друго лице кое не е поврзано со нив, а била во Катар. Двајца пациенти се деца помлади од пет години.

“Немаме ниеден делотворен лек против овој вирус”, вели Свенд Стенванг Петерсен од Оденсе Универзитетската болница во Оденсе.

Пациентите се јавиле на доктор откако данските здравствени власти во понеделникот апелираа до луѓето кои биле во Саудиска Арабија или Катар, да побараат лекарска помош ако почнат да кашлаат, осетат грозница, скратен здив или тешкотии при дишењето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген