Песков: Знаеме дека Западот и праќа разузнавачки информации на Украина

Од:

Руската армија знае дека САД, НАТО и Велика Британија и доставуваат на Украина не само оружје, туку и разузнавачки информации и прави сè што е потребно во таа ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Нашата армија е свесна дека САД, Велика Британија и НАТО во целина постојано пренесуваат разузнавачки и други параметри до украинските вооружени сили. Заедно со испраќањето оружје, тоа се акции кои не придонесуваат за брзо завршување на воената операција, но во исто време не можат да го попречат остварувањето на нејзините цели, изјави Песков, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на руски агенции.

Њујорк Тајмс претходно цитираше високи американски претставници според кои САД обезбедиле разузнавачки информации кои им помогнале на украинските сили да ги убијат повеќето руски генерали кои загинаа во војната во Украина.

Според весникот, Вашингтон и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските сили и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски напади и други напади во кои биле убиени руски офицери.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков