Песков: Западните земји се однесуваат како бандити, Русија е премногу голема за да ја изолираат

Од:

Кремљ денеска соопшти дека западните земји се однесуваат како бандити, но дека Русија е премногу голема за да биде изолирана бидејќи светот е многу поголем од САД и Европа, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава на новинарите им кажа дека Западот е ангажиран во „економска бандитерија“ против Русија и дека Москва ќе одговори. Тој не прецизираше каков ќе биде одговорот, но кажа дека ќе биде во согласност со руските интереси.

-Ова не значи дека Русија е изолирана, им рече Песков на новинарите. „Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја, а уште повеќе земја голема како Русија. Има многу повеќе земји во светот’.

Песков додаде дека доколку САД воведат санкции врз рускиот извоз на енергија, тогаш тоа ќе предизвика значителен потрес на енергетските пазари.

Изво: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков