Песков: Русија и САД ќе продолжат да соработуваат во борбата против Ковид-19

Од:

Русија и САД ќе продолжат со разговорите за соработка во борбата против Ковид-19, во согласност со договорите на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тие разговараа за ова прашање, за важноста на меѓународната соработка. Практичните разговори ќе продолжат на работно ниво во согласност со договорите на двајцата претседатели, рече Песков.

Путин и Трамп телефонски разговараа вчера, кога изразија загриженост поради масовното ширење на болеста.

Тие разговараа и за мерките на двете држави во борбата против вирусот, како и за можностите за понатамошна соработка за ова прашање.

Песков уште рече дека Путин и Трамп не разговарале за американската иницијатива за награда од 15 милиони долари кои би довеле до „апсење или осуда“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива