Песков: Русија е загрижена од развојот на ситуацијата околу нуклеарниот договор со Иран

Од:

Русија ја разбира загриженоста на Иран заради санкциите, но смета дека е загрижувачка и намерата на Техеран да ги намали своите обврски во врска со нуклеарниот договор, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

-Свесни сме за загрижноста на Иран заради заднината на акциите на одделни земји и невидливите и незаконските санкции што се применуваат врз оваа земја, но истовремено со загриженост следиме како се развива ситуацијата, бидејќи распадот на сеопфатниот план не носи ништо добро, рече Песков, пренесува Тасс.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани претходно денеска изјави дека Техеран ќе почне да вбризгува ураниумски гас во 1,044 центрифуги, што е нов чекор подалеку од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

Во обраќањето до нацијата, што беше пренесувано на државната телевизија, Рохани кажа дека машините во нукеларната постројка Фордо од утре ќе почнат да го вбризгуваат ураниумскиот гас.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски