Песков: Путин ќе разговара со Ердоган и Рохани за нападот на Арамко

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не ја исклучи можноста претседателот Владимир Путин на средбата со лидерите на Турција и Иран Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Анкара да разговара за нападот врз Арaмко во Саудиска Арабија.

– Не се планира посебно, но традиционално размената на мислења се однесува на најрелевантните прашања. Може да се претпостави дека и за тоа прашање ќе стане збор, истакна Песков.

Тројцата лидери денеска ќе се сретнат во Анкара, каде, според најавите, ќе разговараат за ситуацијата во Сирија.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак денеска изјави дека за денеска планира телефонски разговор со саудискиот колега во врска со нападите врз саудиските нафтени објекти.

На прашањето дали Русија и натаму би требала да го намалува увозот на нафта согласно глобалниот договор, Новак рече дека параметрите на тој договор не се намалени.

– Секој треба да ги исполни своите обврски онака како што се договоривме во Абу Даби, оцени рускиот министер.

Тој уште истакна дека во комерцијалните залихи ширум светот има доволно нафта за да се покрие надостигот на снабдување од Саудиска Арабија.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за нападот на постројките на Сауди Армко, што го парализираше производството на повеќе од половина на глобалниот дневен извоз на Саудиска Арабија иповеќе од пет отсто од светското дневно производство на сурова нафта.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани