Песков: Против Русија се води војна на сите фронтови, мора да ја задржиме присебноста и силата

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека против Русија се води војна на сите фронтови и дека земјата мора да ја зачува трезвеноста.

– Против Руската Федерација се води војна на сите фронтови, Москва мора да ја задржи присебноста и силата, да го прави она што одговара на нејзините интереси и отворено да изрази загриженост за она што е неприфатливо, изјави прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков.

– Во поширока смисла, се води војна, се води војна против нас на сите фронтови: без разлика дали се работи за економија, меѓудржавни односи, имотни односи… рече тој.

„Не смееме да им се предадеме на емоциите. Мораме да продолжиме да размислуваме трезвено“, рече Песков.

Прес-секретарот на претседателот на Русија, ги коментираше и зборовите на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам за „смртта на Русите“.

На средбата со Владимир Зеленски, Греам рече дека „Русите умираат“, а САД „никогаш не трошеле толку добро пари“.

„Тешко е да се замисли поголем срам за земјата отколку да има такви сенатори“, рече Песков на каналот Телеграм Шот.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги враќа руските клубови во европските натпреварувања

Русија за протерувањето на свештениците од Бугарија: Провокација по евроатлантските насоки за која ќе има одговор

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг Ун патува во Русија