Песков: Продолжувањето на санкциите на Трамп против Русија не е неочекувано

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека е малку веројатно американскиот претседател Доналд Трамп да не ги продолжи санкциите против Русија, кои беа воведени од администрацијата на претходниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Би било тешко да се очекува каква било друга одлука, особено затоа што ова се прилично автоматски дејствија. Веројатно сме на почетокот на нашиот пат кон нормализирање на односите, практично обновувајќи ги од нула. Затоа, немавме големи очекувања по ова прашање“, изјави Песков за новинарите, пренесе Интерфакс.

Песков оцени дека контактите меѓу руската страна и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф се корисни, бидејќи им овозможуваат на шефовите на двете земји меѓусебно да ги соопштат своите позиции.

Би можело да ве интересира

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“