Песков: Не му веруваме на советникот на Зеленски дека Украина не напаѓа руска територија

Од:

Кремљ денеска соопшти дека не верува во изјавата на советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак дека Украина не извршува напади на руска територија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше еден ден откако руските власти ја обвинија Украина за неколку обиди за напади со беспилотни летала, последниот од многуте на територијата на Русија за кои Украина никогаш не презеде одговорност.

Подољак претходно денеска на Твитер напиша дека Украина „не ја напаѓа територијата на Руската Федерација“ и дека „води одбранбена војна за ослободување на сите нејзини територии“.

„Процесите на паника и распаѓање се трупаат во РФ, што се рефлектира со поголем број внатрешни напади од неидентификувани летечки објекти врз инфраструктурни објекти“, додаде Подољак, што предизвика серија шеги за вонземски активности на Твитер.

Прашан за негирањето на украинските напади од страна на Подољак, Песков рече: „Не му веруваме“.

Во вторникот, беспилотно летало се урна во близина на бензинска пумпа на 110 километри југоисточно од Москва, во напад за кој регионалниот гувернер рече дека бил неуспешен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го напднаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски