Песков: НАТО ја третира Русија како закана

Од:

НАТО ја третира Русија како закана, но Русија сака да развива добри односи со сите земји и организации, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ТАСС.

– Говорејќи за тоа кој за кого е вистинска закана, не треба да ги заборавиме честите изјави, кои сме ги чуле изминатите години од Брисел, од лидерот на НАТО, а во кои Русија се третира како закана, рече Песков.

– Таквите изјави не остануваат само на зборови, гледаме вистински чекори за зајакнување на воените потенцијали, кои се повеќе се приближуваат кон руската граница, додаде Песков.

Коментарите на Кремљ следеа по изјавата на американскиот претседател Барак Обама во која тврди дека рускиот претседател „Владимир Путин гледа на НАТО, ЕУ и Трансатлантската унија како закана за руското влијание“.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија