Песков: Изјавата на Бајден за Путин е „неприфатлива и непростлива реторика“

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека окарактеризирањето на рускиот претседател Владимир Путин како „воен злосторник“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден е „неприфатлива и непростлива реторика“.

Бајден денеска во Вашингтон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми