Песков ги демантираше гласините дека Путин го напушта самитот Г-20

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, ги демантираше денеска информациите дека Владимир Путин наводно итно го напушта самитот Г-20 поради притисокот на кој е изложен поради кризата во Украина, јави ТАСС.

– Тоа е тотална бесмислица, рече Песков.

– Преговарачите постојано го покренуваат тоа прашање. Тоа е вообичаена, рутинска ситуација, додаде Песков.

Западни медиуми ја пренесоа изјавата на руски претставник кој изјавил дека Путин планира да го прескокне работниот дел на самитот на лидерите на Г20 во недела и да го помести своето заминување, откако се нашол под притисок на западните лидери околу кризата во Украина.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски