Перуанскиот претседател под истрага од државниот обвинител

Од:

Канцеларијата на државниот обвинител на Перу, Пабло Санчез, објави дека го вклучува претседателот Педро Кастиљо во истрагата за наводни криминални дејствија во перуанско министерство, вклучително и трговија со влијание и „организиран криминал“.

Министерството за јавност на Перу на Твитер објави дека Санчез одлучил да води истрага за претседателот Кастиљо по „сериозните наводи“ изнесени во истрагата против поранешниот министер за транспорт и врски Хуан Силва и шестмина пратеници од опозициската партија.

Обвинителството пред повеќе од три недели почна да работи на случајот за да утврди дали во Министерството за транспорт и врски имало „криминална мрежа“ за доделување договори за јавна набавка. Според изјавите на соработниците на Силва и деловни жени поврзани со владата, претседателот Кастиљо требало да знае за таква мрежа.

Истрагата против Кастиљо доаѓа во време кога левичарскиот претседател се соочува со други истраги за наводна корупција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска