Перуанската опозициска лидерка Фуџимори излезе од затвор

Од:

Перуанската опозициска лидерка Кеико Фуџимори синоќа излезе од затвор по повеќе од една година и на слобода ќе го чека судењето поради обвинението дека прифатила илегални прилози за кампањата од бразилската градежна фирма „Одебрехт“.

Лидерката на партијата Народна сила го напушти затворот во главниот град на Перу, Лима, а пред влезот ја пречекаа нејзините поддржувачи.

Уставниот суд на Перу нареди пуштање на слобода на Фуџимори откако во октомври минатата година и беше изречена 18-месечна казна. Според обвинителите таа раководела со криминална организација и примила милиони долари од „Одебрехт“. Фуџимори ги негира сите обвиненија.

Кеико Фуџимори е ќерка на поранешниот претседател на Перу, Алберт Фуџимори, кој издржува затворска казна од 25 година поради злосторства против човековите права.

Корупцискиот скандал ја потресе перуанската политичка сцена, поранешниот претседател Алан Гарсија се самоуби годинава, за да го избегне апсење, но и други поранешни политичари се под истрага поради случајот поврзан со бразилската фирма.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните