Најмалку 24 лица загинаа, а уште толку се повредени во сообраќајна несреќа, кога автобус полн со патници падна во провалија длабока 50 метри, во јужната покраина на Перу, Ареквипа.
Според полицијата автобусот кој ги превезувал работниците бил во исправна состојба, а возачот не бил под дејство на алкохол.
Спасувачките служби работат на извлекување на повредените, но поради непристапниот терен се стравува дека бројот на загинатите може да биде поголем.
Елена Георгиевска