Најмалку девет лица загинаа, а три се водат како исчезнати поради судир на рибарски бродови, јужно од брегот на Перу, соопшти перуанската морнарица.
Според портпаролот на морнарицата Колвер Руиз, бродовите кои што биле полни со риби се судриле во мрак поради човечка грешка, пренесе „Франс прес“.
Несреќата се случила на околу 28 километри од пристанишниот град Писко, каде што се хоспитализирани повредените рибари.
Е. Г.