Перу: Се урна хеликоптер во џунгла, 13 загинати

Од:

Хеликоптер на француската нафтена компанија „Перенко“ се урна во џунгла, на североистокот на Перу.

Во несреќата загинаа сите 13 патници и членовите на екипажот. Хеликоптерот МИ-8, руско производство, превезувал вработени во Перуанс, од градот Икитос во Амазонија до нафтено поле.

Хеликоптерот се урна вчера, кај реката Курарај, близу границата со Еквадор, а причините се уште не се познати.

Компанијата „Перенко“ потврди дека на лице место се упателе екипите за спасување, но дека нема преживеани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска