Перу: Поранешен министер осомничен за убиство на новинар

Од:

Можниот претседателски кандидат, генералот во пензија и поранешен министер за внатрешни работи на Перу, Даниел Урести е обвинет за убиство на новинар, во тек на судири во државата пред 26 години, соопшти вчера обвинителот Луис Ланда.

Тој во интервју за неколку медиуми изјави дека ќе бара Урести да биде осуден на 25 години затвор, врз основа на докази дека во тоа време, како шеф на локална воена разузнавачка служба е одговорен за убиство на новинарот Уго Бустиос.

Бустиос бил дописник за националниот магазин „Каретас“, а бил убиен додека истажувал прекршување на човековите права во ноември 1988 година, во времето кога владата се обидувала да го задуши бунтот на маоистичките левичари, познати под името „Сјаен пат“.

Урести (58) на „Твитер“ објавил дека не е виновен, а за обвиненијата наведува дека се политички мотивирани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска