Перу ја легализира медицинска марихуана

Од:

Конзервативниот Конгрес на Перу со 68 гласови „за“ и пет „против“, усвои закон за легализирање на марихуаната за медицински цели.

Со законот, се дозволува производство на масло од канабис и негово увезување и комерцијализација.

Перуанскиот претседател Педро Пабло Кучински го предложи законот откако полицијата упадна во еден дом каде имало импровизирана лабораторија во која група жени правеле масло од канабис за лекување на нивните епилептични деца.

Прописите за производство и комерцијализација на маслото од каннабис ќе бидат изготвени за 60 дена, рече пратеникот на владејачката партија Алберто Беланда. Тој исто така предложи да се повлечат сите обвиненија против уапсените родители.

Уругвај во 2013 година стана првата држава во светот која легализираше се – од произвоство, па до продажба на марихуана за секаква употреба. Соседите на Перу, Чиле и Колумбија, веќе ја имаат легализирано марихуана за медицинска употреба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните