Претседателот на Перу Педро Кастиљо ја укина наредбата за воведување полициски час, која беше донесена во понеделникот по големите протести и незадоволството на граѓаните изразено низ целата земја.
– Морам да објавам дека ја укинуваме наредбата за полициски час. Сега го повикуваме народот на Перу да остане мирен, рече Кастиљо на седницата со перуанските конгресмени.
Перу беше погоден од бран демонстрации поради наглиот раст на цените на горивото и вештачките ѓубрива, кои се забрзаа по рускиот напад врз Украина, иако владата на таа земја на Андите се обидува да го спречи поскапувањето.
Извор: МИА